Бидете дел од историјата на Скопје
Оваа страна е наменета за Вас, и Ви овозможува
да станете дел од спомените на Скопје.
Ставајќи стара или нова фотографија, раскажу
вајќи случка или настан од минатото, станувате
забележени во историјата на Скопје.
Со секоја стара или нова фотографија или настан или случка се збогатува културното наследство на градот Скопје.
Богатата збирка на фотографии и настани ќе им овозможи на генерациите кои доаѓаат да го запознаат Скопје од минатото, Скопје кое е толку многу зборувано и посакувано, Скопје за кое многу говорат дека бил град со душа.
Мирисот на багремите и липите по мирните улици на Скопје, длабоко е всаден кај постарите жители на градот Скопје. Тој мирис буди прекрасни незаборвни спомени кои тие жители неразделно ги носат во себе. Неделни прошетки по паркот, чајанки во Кермез, кафе во Маргер, романтична средба на кејот на Вардар, залез на падините на Водно...
Секој спомен кои го носите во себе, а кој сакате да го споделите со другите, секој спомен кој Ви е толку мил и драг, со ставњето на оваа страна ќе го направите незаборавен и ќе го збогатите знаењето на помладите генерации за градот Скопје.
Повелете направете го тоа!
Забелешка:
Сите оние кои не знаат, не се во состојба или не можат да стават фотографија или да раскажат настан преку оваа страна, а сакаат да го направат тоа, можат да ги испратат фотографиите или напишаниот настан преку пошта. Тимот на ВЕСТЕЛ ќе ги внесе наместо нив, а материјалот ќе им биде вратен, ако е тоа наведено, на адресата од која е испратен истиот.
Адреса за испраќање преку пошта:
ВЕСТЕЛ
Веселин Стефановски
Јане Сандански 52/2/12 1000 Скопје
|